Коце Трајановски е назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Назначувањето на Трајановски доаѓа откако новиот Управен одбор го разрешил досегашниот директор Ејуп Рустеми.

Рустеми со Јавното претпријатие за државни патишта раководеше од 2020 година.

Трајановски последна јавна функција што ја извршуваше беше градоначалник на Скопје, кога во 2009 година на локалните избори го победи Трифун Костовски. Градоначалничкиот мандат во Скопје му траеше до 2017 година, кога на локалните избори загуби од Петре Шилегов.

Претходно, до 2005 година, Трајановски беше градоначалник на Општина Гази Баба.

Трајановски во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2002 година е пратеник на пропорционалната листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.