Мартин Костовски од СДСМ во емисијата „24 анализа“, на ТВ24 рече дека изградбата на коридорите е стратешки чекор на државата и историски чекор.

Секоја политичка партија го имаше во предизборните програми, но не успеа да го реализира. Овој проект многу ќе значи за државата, за стопанството и бизнис секторот и Македонија од кружен тек ќе стане раскрсница на Балканот. Она што значеше промена на законските решенија во собраниска процедура значи доуредување на постоечките закони за побрзо и поквалитетно изедување на стратешките проекти. Оваа држава мора да оди напред, изјави Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.