Работата на оваа анкетна комисија посакувам да биде своевиден притисок врз ЈО, ден поскоро да излезат со конкретни обиненеија и лоцирање на вината и одговорноста на сите оние кои на монструозен начин допринеле за едно скандалозно, монструозно однесување на клиниката на онкологија, што е многу сензитивно, осетливо и таквата работа е страшна, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во рамките расправата на собраниската анкетна комисија за скандалот на онкологија.
Костовски потсети дека за нерегуларностите на онкологија тивко се зборувало 20 години, а случајот се отвора сега.
Знаеме дека 20 години се шепотело, за некои нерегуларности на онкологија, а токму во времето на владеење на СДСМ се отвора оваа тема, обвинителството работи, полицијата прибира докази и дефинитивно не е битно ниту име, ниту презиме, ниту блискост ни припадност на секој оној што на монструозен начин бил вклуен, нагласи Костовски, додавајќи дека некои пратеници од опозицијата продолжуваат со донесување предвремени заклучоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.