Тоа што е најважно е граѓаните да го препознаат концептот кој што СДСМ го нуди, а тоа е движење напред кон ЕУ и дека не се откажуваме од тој пат кон ЕУ и кон полноправно членство во ЕУ, пат кој што не е ни најмалку лесен меѓутоа не се откажуваме од тоа да ја видиме државата како ја остварува својата втора стратешка цел односно после членка на НАТО – да станеме полноправна членка на ЕУ. Јас не само како потпретседателка, туку и како член на СДСМ се држам до идеалите кои што ги нуди СДСМ и затоа учевството на листи не е пресудно за инволвираност во изборниот процес или во ширење и промовирање на изборната програма која што ние како партија ја нудиме.“ – истакна потпретседателката на СДСМ и министерка за култура, Бисера Костадиноивска – Стојчевска во интервјуто за телевизија Клан.

За тоа кој ќе биде на кандидатските листи, таа образложи дека има строги филтри во партијата и дека секој кандидат ќе мора да биде успешен во својата средина, но и пошироко.

„На конгресот на партијата ќе се утврдат конечните листи за кандидати за пратеници меѓутоа целосните листи, не само носител, прв или втор… За сите шест изборни единици ќе се утврдуваат конечните листи и тоа ќе го направиме односно ќе помине низ сите партиски филтри, низ сите партиски структури што ќе резултира на крајот со партиски конгрес кој што е закажан за во сабота.“- го кажа Костадиновскја – Стојчевска своето очекување дека викендов листите ќе се комплетираат.

Таа посочи дека СДСМ е партијата која ја промовираше родовата еднаквост на кандидатските листи и од тоа нема да отстапи ниту на овие избори.

„Како потпретседателка морам да кажам дека најпрво се залагаме за зачувување на тој принцип на машко женско или подеднаква застапеност на жените на листи. Тоа од претходните парламентарни избори премина во една реторика која што значи кој е носител и коносител, односно со таа застапеност се опфаќа малку поголем регион. љШто значи покрај принципот на машко – женско ќе имаме и нешто што се нарекува носител и коносител за секоја изборна единица.“- го објасни Костадиновска – Стојчевска концептот на СДСМ за родова еднаквост.
Европските и демократски политики кои ги води СДСМ се идентични со оние на претседателот Стево Пендаровски и затоа и на следните избори заеднички ќе се оди кон нова победа.

„Претседателот Пендаровски покажа капацитет за да ги обедини сите граѓани, одлучи да го поддржи повторно претседателот Пендаровски за втор мандат. Знаеше да биде гласен критичар на некои одлуки на Владата, на Собранието, тоа покажува еден висок степен на демократска свест.“- поентираше потпретседателката на СДСМ во интервјуто за ТВ Клан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.