Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, денеска се обрати пред граѓаните на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Илинден.
Со пакетот антикризни мерки ја спасивме македонската економија. Имаме план за конечно надминување на последиците од економската криза, постепено враќање на предкризните стапки на економски раст и заживув, истакна Костадинов, додавајќи дека СДСМ со своите мерки и политики покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и компаниите.
Реализиравме два пакети за помош на граѓаните и поддршка на компаниите за справување со последиците од кризата во вредност од 760 милиони евра, само во изминатите десет месеци, субвенционираме 80% од сметките за електричната енергија за домаќинствата и за 72.000 мали компании, производителите на прехранбени производи добиваат фиксна гарантирана цена за струјата, што доведе до намалување на цените основните прехранбени производи. Очекувам во наредниот период да се намалат цените на основните производи најмалку за 10%, нагласи Костадинов.
Потпретседателот на СДСМ нагласи дека со СДСМ пензионерите добиваат највисоки пензии, а минималната плата е покачена од 9 илјади на 18.000 денари и најави дека со Буџетот за 2023 година се предвидуваат средства за нов раст на минималната плата и пензиите, но и 800 милиони евра за капитални проекти.
Во ек на криза резултатот од социјалдемократките економски политики се 1.700 нови работни места само во изминативе неколку месеци. Само в о првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко индустриските развојни зони, се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени во нив, за првпат се искачи над 16.000, рече потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на партиската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва во Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.