Костадин Костадинов има скромен анкетен лист, но постојано е опкружен со скапи ствари кои не се наведени во неговиот анкетен лист, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека струмичкиот градоначалник од голтар стигна до скапи мотори, часовници и станови преку функција и СДСМ.

Костадинов го видовме со скап часовник Гармин, кој вреди над 70.000 денари, кој не е пријавен како негов имот. Костадинов како свој имот не го пријавил ниту скапиот мотор Дукати од 20.000 евра, кој го возеше во сред пандемија додека сите беа затворени во своите домови. Костадинов во анкетен лист не го ставил ниту станот во комплексот Џевахир, каде тој и живееше додека беше пратеник. ДКСК не одговори дали Костадинов е еден од функционерите на кои мислеше Билјана Ивановска кога кажа дека имаат имот кој не е на нивно име, туку е заведен на име на други лица? Костадинов е пример исто како и Каевски, Заев и Ковачевски, како од голтар преку функција и СДСМ се станува милионер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.