Нема да дозволиме криминално барање на трета земја, која нема законска основа ниту по меѓународното право, да го отежнува слободното движење на нашите граѓани, изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, кој е во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи во земјава.
Во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, кој беше приведен минатата недела на преминот Јажинце, меѓу Косово и Македонија, косовскиот министер за внатрешни вели за случајот веќе се има произнесено македонскиот суд.
Мислам дека за случајот треба да прашате во Министерството за правда, кое го покрива ова поле. Што се однесува до екстрадицијата на нашиот граѓанин по барање на Србија, за тој случај има изјава, се произнел и самиот суд во Република Македонија. Ние сме подготвени да разговараме и да работиме и како две соседни земји и како две пријателски земји и нема да дозволиме криминално барање на трета земја која нема ниту законска основа ниту законска основа во меѓународното право да го отежнуваат слободното движење на нашите граѓани, рече Свечла.
Во врска со денешното барање од страна на министерот за правда Игор Филков Косово да ги екстрадира Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата осудени на доживотен затвор во случајот познат како „Монструм“, Свечла вели не треба да се поврзуваат овие два случаи.
– Јас мислам дека тоа барање тој го доставил до неговиот колега. Значи, не можеме никако да ги поврземе овие два случаи. Во случај што вие го спомнувате, значи се работи за трета земја. Значи, се работи за земја, која и во регионалната соработка е проблем за подобра соработка меѓу земјите во регионот, а да не зборуваме за пречките, за лошите работи и криминалот што ги прават во однос на Косово, рече Свечла.
Собраните податоци, додаде, биле предадени до Јавното обвинителство на Косово.
– Ги имав сите можни анализи, сите истраги, сега веќе се реализирани. Значи, ние ги имаме сите податоци, собрани се и предадени во ЈО на Косово и очекувам ЈО да поднесе кривична пријава за директен напад врз територијалниот интегритет на Косово, рече Свечла.
На поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој е приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.