Често во своите јавни настапи амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер знае јасно и недвосмислено да каже дека корупцијата е епидемија во државата. Во денешното интервју, прашавме зошто е тоа така?
Па, верувам дека е епидемија. Канцер е во државава. Тие кои вршат корупција… Баш утринава размислував за ова. Тие луѓе се крадци. Крадат од државата и нејзините граѓани, изјави амбасадоркта на САД во Македонија Анџела Агелер во интервју за ТВ21.
Таа додаде дека тие лица ги крадат и можностите, но и надежта.
Граѓаните заслужуваат да имаат чесни лидери, чесни деловни потфати и претприемачи и заслужуваат одговорност не само од тие кои ги избираат на власт туку и од тие кои ги снабдуваат со услугите кои ги заслужуваат во државава“, изјави амбасадоркта на САД во Македонија Анџела Агелер во интервју за ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.