Димитар Ковачевски во обид да го одбрани министерот за економија, Крешник Бектеши за концесиите за рудник во струмичко се заплетка во сопствената лага, напоменува ВМРО-ДПМНЕ.
Без никаков срам се со цел да му слугува на Ахмети, пиунот Ковачевски ја излажа јавнота. Според јавните документи, концесиите за рудниците во струмичко се дадени во 2006 година, во време кога власта беше во рацете на СДС и ДУИ.
Но и покрај тоа Ковачевски дрско обвинува други, иако со еден потпис може да ја поништи одлуката за доброто на граѓаните од струмичкиот регион.
Додека Ковачевски обвинува други, треба веднаш да го разреши Крешник Бектеши или пак да ги разреши изманипулираните министри кои гласале одлука за која наводно не знаеле.
Уште еден криминален бизнис на ДУИ кои сакаа да го протнат на мала врата, на штета на граѓаните и државата.
Повторно го прашуваме Димитар Ковачевски, дали знае која фирма е дел од концесијата за рудниците во струмичко, а е блиска до Али Ахмети и ДУИ, и дали целата оваа операција е полнење на џебовите на кланот од Зајас?
И на ДУИ и на СДС едно да им биде јасно, рудници во струмичкиот регион на штета на здравјето на граѓаните и на штета на државата нема да има.
Како што ги споија концесиите, така нека ја поништат одлуката на седница на влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.