Министерството за образование и наука објави конкурси за доделување средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство во 2024 година.
Средствата кои ќе бидат доделени се пресметуваат во зависност од висината на котизацијата (за научни собири) и на патните трошоци, како и од средствата со кои располага Министерството за образование и наука за тековната година.
МОН денеска објави конкурс и за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги за печатење зборници на трудови од одржаните научни собири за 2024 година.
Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и од расположивите средства на МОН.
Во трите конкурси се наведени условите – кој има право на учество, потребните документи и начинот на аплицирање, и во сите е достапна пријава.
Рокот на конкурсите завршува на 31 октомври 2024 до кога заинтересираните треба да ја достават пријавата со потребната документација во МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.