Министерството за образование и наука објави конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2022/2023 година.

Министерството ќе поврати дел во висина од 75 отсто од исплатените средства за купен музички инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Конкурсот е за купени 25 музички инструменти од редовни ученици и за 25 музички инструменти од редовни студенти, кои треба да се запишани во државните средни училишта односно на државните високообразовни установи каде што се реализира настава од областа на музиката.

Во конкурсот објавен на веб-страницата на МОН се наведени условите што треба да бидат исполнети, потребните документи и начинот на кој треба да се аплицира за поврат на средства за купен музички инструмент.

Рокот за поднесување на пријавите е 60 дена од објавување на конкурсот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.