Коњи и магариња пасат во тетовскиот скејтепарк, каде што тревата со недели не е искосена од ЈКП Тетово, објави Мета.мк.

Граѓаните и сопствениците на фирми што се наоѓаат во близина на паркот, реагираат за неодржувањето на паркот.

Веќе неколку дена животните се тука, не си одат. Никој не ја коси тревата. Како да е штала местово, вели еден од сопствениците на фирми во близина на паркот.

Во меѓувреме, од претпријатието ветија дека во текот на оваа недела ќе интервенираат и ќе го решат проблемот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.