Ден пред првиот круг на претседателските избори кои завршија пред неколку минути избирачките одбори го спроведоа и гласањето на лица кои се болни или немоќни, а кои до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право го остварија 6 935 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни. Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 6 543 односно 94 проценти болни или немоќни лица.

Според податоците пристигнати од дел од општините, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е во апсолутно водство пред шесте противкандидати.

Во Богданци 48 болни и немоќни гласале за Давкова, додека за Пендаровски се отпределиле 17. Максим Димитриевски добил еден глас во оваа општина.
Во Конче Давкова освоила 28 гласа наспорти Пендаровски 3 и Бујар Османи 2.
Во Радовиш разликата меѓу Силјановска и Пендаровски се 24 гласа во корист на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.
Во источниот бастион на СДСМ, Струмица, за Силјановска се изјасниле 157 гласачи, додека бројот 1 го заокружиле 130 избирачи.

Во Кратово за бројот 1 гласале 5 избирачи, додека за бројот 2 се одлучиле 72 избирачи. И во оваа општина еден гласал за Максим Димитриевски.

Болните и немоќни од Охрид, 122, гласале за Силјановска, а за сите останати кандидати вкупно 50.

Триесет и двајца карпошани ѝ веруваат на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, додека за актуелниот градоналачник се одлучил само еден гласач. За Пендаорвски гласале петмина.

Болните од Велес, исто така, ѝ веруваат на Силановска. Својот глас за кандидатката под број 2 го дале 92 избирачи, додека за Пендаорвски гласале само 29 избирачи.

Изненадува статистиката која доаѓа од Кратово, каде што традиционално победува СДСМ. Само 5 избирачи заокружиле 1, додека 72 гласаче за Силјановска.

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.