На 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден, комитите кои се саможртвувале во битката на каменестиот врв Ножот во близина на Плетвар, ја испишаа највеличествената страница на македонската историја.
Ден пред трагедијата, војводите кога разбрале дека ги следи триилјадниот аскер решиле да се повлечат, сметајќи дека е голема лудост директно да се судрат со војската. Меѓутоа, за тоа не сакале да слушнат младите момчиња сместени на Ножот. Војводите не биле со нив, биле долу на состанокот. И кога виделе дека комитите на Ножот не се повлекуваат, им испратиле курири со наредба да се повлечат. На тоа комитите одговараат:
„Ќе им кажете на војводите дека костурци го сметаат решението на Војводскиот совет необврзувачко за нив. Таа заповед ја наоѓаме за неумесна и нереволуционерна. Опфатени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Кажете им на војводите дека нашето решение е неповратно. Друга позиција нема да бараме. Ќе останеме на Ножот“.
Така почнала највеличествената и истовремено најтрагичната битка по Илинденското востание.
Аскерот го командувал искусниот мајор Енвер-бег, кој ги познавал сите тактики на војување, а против себе имал млади неискусни момчиња, лудо вљубени во својата татковина, Македонија.
Битката почнала во зорите и со секој поминат час загубите биле се поголеми, а снемувало и муниција. Тогаш била донесена судбоносната одлука. Тие што останале живи легнале врз неколкуте преостанати бомби и ги активирале. Одекнала силна експлозија која се слушнала до околните села, а делови од распарчените тела паднале врз аскерот што стасал на врвот.
Одеднаш на Ножот настапил молк, сѐ било неприродно спокојно. Тивко е на Ножот.
Целата приказна тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.