Во врска со тоа дали на Комисијата за заразни болести се зборувало за процедурата за лекување на пациентите со Ковид-19 со хемофилтрација, процедура која се применувала во Клиниката „Жан Митрев“ и колку таа помага во лекувањето на ковид пациенти, Петличковски рече за таа процедура не зборувале од причина што не постои во ниедна од препораките како официјално стојалиште на некоја светска и важна асоцијација.

– Постојано се измислуваат нови технологии, пристапи во лекувањето, но спорен е начинот на кој тоа е направено. Кога одредена вулнерабилна група во овој случај пациентите треба да бидат предмет на некаква експериментална метода, пропозициите, процедурите за организирање на тоа клиничко испитување се многу строги во цел свет и ние не треба да сме исклучок од нив. Како Комисија не сме се изјасниле. Тоа е повеќе ингеренција на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Хемофилтрација е процедура во која одредени протеински или други воспалителни молекули медијатори кои циркулираат во крвта на испитаникот, пациентот се пробува специфично да бидат елиминирани без при тоа да има загуба на крв или на плазма. Како идеја како концепт подразбира тој медијатор на воспаление „интерлеукин 6“ да се тргне од циркулацијата за да се намалат последиците кои тој ги предизвикува, бидејќи кај дел од овие пациенти се работеше за прекумерен имун одговор во голем дел поттикнат од  „интерлеукин 6“, истакна д-р Петличковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.