ВЕДНАШ ДА СЕ РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТОТО ДЕВОЈЧЕ, МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, МЕЏИТИ И ДИРЕКТОРКАТА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ, МЛАДЕНОВСКА ДА СЕ ФАТАТ ЗА РАБОТА!, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Итно бараме целосно расчистување на случајот во Болницата во Битола каде почина девојче од битолско Кравари. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските за оваа голема загуба.
Од една страна е семејството на починатото девојче кое се сомнева на лекарска грешка, бидејќи состојбата на детето нагло се влошила по примена инфузија. Од друга страна има институционален молк за конкретниов случајов
Без да изразат грам сочувство првите луѓе во здравството, иако во текот на вчерашниот ден видно расположени присуствуваа на промоција на донација на одржување на простирии на една клиника тие не дадоа основни информации за случајот
Во јавност ја нема да се појави директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Рената Младеновска да реферира за овој, но ниту за било кој претходен случај. Без конкретни информации што се случило и со констатирање состојба, оваа клучна институција во здравствениот систем е целосно нетранспарентна, како воопшто да нема директор и заради ова во јавноста се отворени низа прашања во здравствениот сектор, за кои нема ниту еден одговор! Нема одговор ни колку надзори редовни и вонредни има извршено ДСЗИ во оваа установа, што е констатирано, а што преземено
Го нема ниту првиот човек во здравството, Фатмир Меџити и неговата заменичка Маја Манолева да реферираат што точно се случило во битолската болница
Има само бледи најави за стручна комисија, но јавноста од сите тие иницирани надзори во изминатиот период не виде резултат од ниту еден надзор досега
На овој начин директно или индиректно надлежните институции ги отвораат прашањата за третманот во конкретниот случај, наместо да ги одговорат прашањата од стручен аспект со стручни факти и аргументи. Ваквиот досегашен пристап со нула транспарентност за извештаите од комисиите за стручен надзор, немањето корективни мерки за одредени аномалии за тие да не се повторат, како и неводењето грижа во овој сегмент креираат недоверба и се на штета на целиот здравствен систем и најмногу на штета на пациентите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.