До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ постојано пристигнуваат информации за недостиг на лекови, а некои лекови воопшто и ги нема. Засегнатите страни информираат дека нема неколку лекови што се даваат на лица со карцином. Некои се еден вид на хемотерапија таргет терапија, а дел од нив се традиционална хемотерапија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Или нема од следниве лекови на Клиниката за онкологија и радиотерапија:
1. Pemetrexed, таргет терапија и еден вид на хемотерапија
2.Palbociclib е хемотеарпија која е таргетирана терапија и која се дава за одредени видови на канцер
3.Sandostatin, не е хемотерапија, но се користи кај одреден вид на карциноми
И додека нема терапија за болните од рак, нема ниту информација во врска со скандалот на Онкологија, а со тоа дополнително граѓаните ја губат довербата во здравствениот систем, исто така се губи и довербата во останите институции кои се вклучени во расчистување на скандалот.
Министерството за здравство треба да одговори што превзема за да корегира овие недостатоци
Треба да одговори кои модерните цитостатици се на позитивна листа за која толку многу Министерот за здравство се фалеше
Зошто од воведувањето на биолошката терапија во 2018 година на Онкологија Владата не ги адаптира системите на следење за оваа скапа терапија
Дали некој од Власата на СДСМ бил директно заинтересиран да се акумулира енормен долг од 20 милиони евра на оваа клиника, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.