Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува ДСЗИ или трудовиот инспекторат се ангажирани за безбедноста во поликлиниката Јане Сандански каде животот го загубил вработен на работното место.

Вработени од Здравствен дом Скопје се обратија до Комисијата за здравство во врска со немилиот настан во поликлиниката Јане Сандански, во кој за жал животот го загуби вработен од оваа поликлиника.

Во немилиот настан на работното место се здобил со тешки телесни повреди во пределот на главата,a по неполни три дена истиот подлегнал на последиците од повредата на работното место.

Прашуваме:

1. Што е преземено за безбедноста на вработените и вакви случаи да не се повторат

2. Дали ДСЗИ или трудовиот инспекторат се ангажираат за безбедноста на вработените во оваа но и во сите други ЈЗУ, колку контроли се извршени и кои неправилности се констатирани

3. Колку менаџерскиот тим се грижи за условите за работа на вработените во ЈЗУ Здравствен дом Скопје имајќи во предвид дека ЈЗУ Здравствен дом Скопје уште не го обновил договорот со Центарот за јавно здравје каде вработените од ЈЗУ Здравствен дом Скопје ги реализираат задолжителните прегледи, стои во нивниот пост на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.