На моја покана денеска во Велес е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Денеска заедно со него и со пратеникот во Собранието, Игор Здравковски и со претседателот на советот на општина Велес, Зоран Љутков и со дел од советниците во Советот на општина Велес сакаме да ја информираме велешката јавност за неколку работи што се случуваат и допрва ќе се случуваат во наредниот период, а се поврзани со инфраструктура, спорт и култура.

Пред некаде месец, месец и пол на мој прес најавив дека левата страна од реката Вардар ќе го добие она што го заслужува по 20 години ќе се вложат сериозни финансиски средства во подобрување на патната инфраструктура зборуваме помеѓу 30 и 35 милиони денари средства од општината кои ќе бидат вложени во овие 3-4 месеци се со цел подобрување значително на инфраструктурата во овој дел на нашиот град.

Зад мене може да видите дека почнавме со реконструкција на сите улици околу пазарот се работи за темелна реконструкција со цел овој дел на нашиот град бидејќи имаме тука нов градски пазар, го имаме реконструираното училиште да добие еден урбан делна нашиот град. Тука се опфатени улиците Петре Прличков, Кресенско востание и мали улици кои го поврзуваат горниот и долниот дел на градскиот пазар.

Во непосредна е близина е улицата Киро Рогожаров која има интервенција во делот на бетонирање, улицата Ѓорги Димитров која е малце подалеку од тука која е една од најоштетените улици и ќе добие бетон зошто не може друг материјал да се гради на таа улица. Деновиве завршуваме со улица бетонирање на Јордан Џурнов и тоа што го најавивме дека Костурница и Прцорек ќе бидат споени со улиците Ганчо Хаџипанзов и Орце Шутев за овие улици имаме избрано и изведувач, надзор, целата документација е подготвена и очекуваме наредниот период да се интензивираат градежните активности.

После невремето се санира оштетувањето на улицата Орце Мартинов која ќе добие асфалт значи деновиве треба да почне таму асфалтирањето, може да се забележи дека помеѓу Стариот мост и Саат кулаат ќе има нов асфалт. Исто така работиме на бетонирање на една улица во Бузалково, деновиве треба да почнеме и една голема улица под школото во Сливник, работиме една улица и во Караслари, завршивме и една улица во Башино село и во Раштани и ќе продолжиме и во други населени места.

Утринава ја потпишав и одлуката за почнување на еден голем проект за целосно улично осветлување со лед светилки значи со овој проект се планира промена на 4.700 светилки како во централното градско подрачје така во околината, значи и во селата. Тоа значи во наредниот период се надеваме дека ќе имаме успешна постапка и успешен и договор и успешна реализација.

Градскиот пазар деновиве треба да има технички прием, се работи интензивно на финансиски средства од ЕУ на кејот на реката Вардар околу 200 метри. Од ова место заедно со претседателот и со советниците ќе направиме се и наредна година да продолжи изградбата на кејот уште за 200 метри. Тоа значи помеѓу Новиот мост и Стариот мост да имаме едно место каде нашите граѓани ќе можат да уживаат и да се рекреираат. Она што најмладите најмногу радува е што на игралиштето во населбата Тунелот е при крај деновиве треба само да се тартан подлога на кошаркарското и на фудбалското и целиот простор е заграден. Ќе работиме и во Сојаклари и Караслари, во Караслари деновиве треба да почне едно многу убаво детско игралиште затоа што таму нема никаква содржина за младите.

И никогаш не се откажавме од најголемиот Спортско рекреативен комплекс во Дворови иако имавме сериозни проблеми во делот на документацијата мислам дека ја надминавме и до крајот на годината треба да го имаме и тоа.

И уште две три реченици, во делот на спортот и на културата следат пливачкиот маратон, но секако вечерва почнуваме со Стрип колонијата, за неколку дена почнува фестивалот на џез, ворлд и современа музика втора година по ред, ги префрливме финансиските средства за Стоби и организаторите ја имаат поддршката од општината за да може да се одржи и овој фестивал. И ја користам оваа прилика да ги спомнам датумите, 6,7 и 8 октомври кога же имаме голем настан Велешка пастрмајлијада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.