Цитостатици во аптеката на скопската Клиника за онкологија можат да се најдат од 100 до 5.000 евра за различни видови на карциноми, неофицијално дознава „Фокус“.
Веќе неколку денови е актуелен случајот со вработената медицинска сестра на клиниката, по вторпат е фатена како краде цитостатици.
Првиот случај беше пред три години, кога беше суспендирана од работа и после шест месеци повторно вратена и сега, кога во нејзиниот автомобил нашле украдени ампули.
Според информации на Фокус, таа била задолжена за ампулите, кои подоцна ги крадела. Процедурата покажува дека сите тие скапи цитостатици се чуваат во аптеката на самата клиника и веднаш откако лекар ќе ја препише терапијата на пациент, тие се требуваат од аптеката и се носат на болните од карцином, кои имаат потреба од цитостатикот.
Првиот пат, кај неа биле пронајдени ампули Доксорубицин, а вториот пат околу 20 различни типови на ампули цитостатици.
Се уште нема официјални информации како медицинската сестра ги изнесувала цитостатиците, но извори на Фокус тврдат дека била фатена на камера и веднаш пријавена. Таа не крадела само еден ден, туку подолг временски период.
Целиот текст на Фокус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.