Откако министерот за надврорешни работи Бујар Османи изјави дека не знаел оти фирмата Еуровиа е донатор на ДУИ, на социјалните мрежи почнаа да излегуваат фотографии за сопственикот Елмедин Адеми. Тој е фотографиран со целото раководство на партијата сосе Османи.
Фирмата на Адеми сосема случајно е избрана од МНР на Османи за 1,8 милиони евра да ја адаптира салата „Борис Трајковски“ за потребите на Самитот на ОБСЕ,
Адеми на социјалните мрежи самиот се фали со својот луксузен живот. Фотографиран е на јахта, има брендирана гардероба, а има скапи очила. Поради сево ова Антикорупциската комисија најави дека ќе отвори постапка за Османи, МНР и Адеми и неговата фирма како токму тие се избрани.
Фирмата „Еуровиа“ ќе ја гради и полициската станица во Аеродром.Цената е фиксна-два милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.