Ние имаме ситуација каде оваа власт го изгуби легитимитетот на локалните избори. Они имаат легалитет што е различно од легитимитет. На локалните избори луѓето се изразија против власта, изјави членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Клековски посочи дека сите анкети по локалните избори покажуваат дека збирот на проценти на власта е понизок од збирот на проценти на опозицијата, што претставува дека нема мнозинска поддршка оваа Влада.

„Во нормални услови ова би било доволна причина , да се разговара за предвремени парламентарни избори, бидејќи прашање е дали оваа Влада има легитимитет да ги спроведува сопствените политики или треба граѓаните да се прашаат кои политики треба да бидат спроведувани“, рече Клековски.

Клековски потенцираше дека Владата користи не легитимни цели за да не дојде до предвремени парламентарни избори.

„Една од нелегитимните методи кои ги користи власта е тоа што се обидува да ги угуши општините. Власта со повлекувањето на законот за рефинансирање или покривање на јавните претпријатија во општините посакува да бидат во долгови за да може да вика дека локалната власт е не ефикасна“, кажа Клековски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.