Обука во ТОАРИЛУЦ за комплексни операции, пишува на својот фејсбук профил Сашо Клековски.
Центарот за спинална хирургија, при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) ја обнови обуката за лекари и среден персонал. Во рамките на таа обука пет врвни светски хирурзи и професори ќе доаѓаат и заедно со македонските доктори ќе вршат комплексни операции на болести на рбетниот столб. Тоа е подржано од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Деновиве Проф. Д-р Уфук Ајдинли, трауматолог/ортопед од Бурса, Турција и Д-р Бобан Јоксимовиќ, неурофизиолог од Белград, Србија, заедно со македонскиот тим ќе извршат пет операции на рбетен столб. Имав можност и лично да им посакам добредојде, заедно со Д-р Игор Мерџаноски, Проф. Д-р Марија Срцева и Игор Николов. Според Д-р Уфук Ајдинли, со 2-3 години континуирана обука во Скопје би можело да се оперираат најголем дел од комплексните операции, со многу ретки исклучоци.
Обуката има двојна вредност, прво се врши едукација на македонски лекари кои во иднина треба самостојно да вршат комплексни операции, второ веднаш се заштедуваат значајни средства бидејќи овие пациенти би биле упатени на лекување во странство. Овие пет операции во странство би чинеле вкупно околу 250.000 евра, а сега ќе се извршат дома во Македонија за мал дел од тој износ. Со одговорно и домаќинско работење до повеќе здравствени услуги дома, за значајно помали трошоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.