На ВМРО-ДПМНЕ не му за премиер, вицепремиер, министри, едноставно прашањето е како да обезбедиме доволно гаранции за заштита на националното достоинство и обезбедување на сигурен пат до ЕУ без понатамошни услови, изјави за „Тема на денот“ во дневникот на Сител, Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека постојано ни викаат уште овој пат, но видовме како промената на името не не внесе во ЕУ и дека нема преговори.
– Имаме ново вето и ни викаат ајде уште овој пат. Меѓутоа немаме никакви гаранции дека бугарската влада со нивното сегашно однесувањето, со сегашната поставеност дека нема да се соочиме со следна блокада кога ќе дојде условот дека за ако сакаме да продолжиме понатаму мора да се согласиме дека цела плејада кои се мит во Македонија да имаат бугарски идентитет. Покрај гаранциите од големите држави, бараме и Бугарија да направи мал чекор, а тоа е да примени од пресудите на Судот од Стразбур за Македонците. Со политичка волја да одиме понатаму, рече Клековски.
Клековски посочи дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта, планот е да со добро владеење и резултати ја направи Македонија поатрактивна за членство во ЕУ, односно да се подобрат фундаменталните работи во земјава.
– Треба да бидеме глуви и слепи да не слушаме што искрените коментатори странски зборуваат за Македонија. Тие не зборуваат за Бугарите, туку за корупција, за кршење на владеење на правот, за криминал и еден куп други ситуации, гледате како бесрамно се однесуваат во Судски совет. Во овој момент имаме слаба преговарачка позиција затоа што сме лош кандидат затоа што не ги исполнуваме фундаменталните работи, истакна Клековски.
Клековски појасни дека за промените и реформите ни е потребно одговорно лидерство, не ни треба почеток на преговори за ние самите да се смениме.
Мора да покажеме дека сакаме да расчистиме со клиентелизам, корупција, криминал, без тоа ќе имаме слаби преговарачки позиции. Земја која ја корумпирана како сега никој не ја сака внатре и ќе се измислуваат нови услови, потенцираше Клековски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.