Известувачот на Европарламентот за земјава Илхан Ќучук, на прашање на МИА во врска со иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, како и во однос на уставните измени, како услов за почеток на преговорите со ЕУ, не даде конкретен одговор, но порача дека Западен Балкан треба да се врати кон својот дом, а тоа е Европа.
– Ја реализиравте големата цел, да бидете дел од НАТО и на тоа сите се гордееме, затоа што тоа означува пространство на сигурност, на заеднички вредности, сега следува уште еден голем чекор, а тоа е Европската Унија, и сите треба да помагаме со големи напори – и Бугарија и Хрватска и Грција и Романија, тие држави имаат преголемо искуство во пристапниот процес, рече Ќучук.
На прашање на новинар од бугарски медиум како гледа на антибугарското расположение присутно на протестите на опозицијата летово, и дали смета дека се уште постои, тој вели дека насекаде има националистички расположенија и оти тоа не води кон иднината.
-Насекаде има такви расположенија многупати сум кажувал дека национализмот го има насекаде, и во Скопје и во Софија, но тоа не води кон иднината, тоа не помага на никого, оцени тој.
Осврнувајќи се на соработката меѓу Македонија и Бугарија, тој рече дека двете земји имаат заеднички проекти и во образованието и во културата што ја докажуваат својата успешност и тоа треба да се надградува преку медиумски проекти, со што тоа треба да доведе до заедничко разбирање меѓу двата народа и да се изнаоѓаат различни начини за меѓусебна соработка.
На Ќучук денеска му беше доделена титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, во рамки на Конференцијата „МКБГ2023: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.