Стотина лекари од приватни ординации во неколку градови во земјава до крајот на годинава треба да заминат во пензија, Ако тие, како носители на дејност на приватната здравствена установа, се пензионираат, вториот тим од лекари и медицинските сестри ќе мора да одат како невработени под Агенција за вработување. За последиците предупредуваат од Здружението на приватните лекари на Македонија (ЗПЛМ) и велат дека ова е проблем кој никој не го согледува.

На терен утврдивме дека само во Скопје 45 матични лекари до крајот на годината се за пензионирање. Дебар може да остане и без ниту еден лекар, таму има педијатрии кои лекуваат шест илјади деца. До крајот на годината, во Македонија стотина доктори треба да заминат во пензија. Ова е сериозен проблем за пациентите, каде ќе одат, кај кој доктор ќе продолжат да се лекуваат: Со постојниот Закон, пациентите се на приватната здравствена установа. Ако сопственикот се пензионира, почине, замине во странство да работи, ординацијата се згаснува, колегите остануваат на улица, заедно со медицинските сестри, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на ЗПЛМ за СДК.мк.

Од Здружението апелираат до Владата, Министерството за здравсто и Фондот за здравствено осигурување итно да преземат мерки за да може докторите и медицинските сестри кои се вработени во тие приватни здравствени установи да продолжат да работат. За членовите на ЗПЛМ ова одредба од законот е целосно дискриминаторска.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.