Руската Амбасада во Скопје излезе со реакција по повод протерувањето на уште шест руски дипломати од Македонија.
Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Македонија, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница.
Во реакцијата на Амбасадата се додава дека „руските дипломати никогаш не се мешале во внатрешните работи на Македонија и не извршувале дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“.
Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи. Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата персона нон грата на 28 март годинава, велат од Амбасадата.
Македонија на 28 март прогласи за персона нон грата петмина руски дипломати, а денеска дополнителни шестмина, поради, како што наведе МНР, извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.