Ми се допаѓа што водиме „принципиелна“ надворешна политика. Не се мешаме во внатрешните работи на други земји кога станува збор за македонското малцинство, а водиме „конструктивни“ преговори за правата на бугарското малцинство во Македонија ( они нам не ни се мешаат, туку ни диктираат и условуваат) и вероватно ќе инсистираат на промена на македонскиот Устав за да се впише бугарско малцинство. Ако почнеме преговори со ЕУ ( Бугарија да го симне ветото) тоа не искупува се, и нема да биде никаков пресврт. Ова веќе станува очајничка политика чија константа е покажување невидена слабост во преговори, и крајна субмисивност. Никој нема мандат да води ваква непринципиелна политика, пишува на социјалните мрежи, Атанас Кировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.