Се враќам на факултет каде што бев и порано, одговори Стево Пендаровски на новинарско прашање на вечерашниот прес на кој го призна поразот на претседателските избори.

Не сум сигурен дали совеста им е мирна на оние кои со теснопартиски или лични интереси денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат и на претседателските избори. Стотици илјади наши граѓани беа оневозможувани на плански, на систематски, на организиран начин да земат второ ливче. Убеден сум дека оние 330.000 гласови кои отпаднаа во првиот круг се поблиску до мојот концепт отколку до концептот на противкандидатката. Од за мене непознати причини, направија таква калкулација, ги попречија луѓето да гласаат. Со тие претпоставени многу над стотици илјади гласови трката ќе беше далеку понеизвесна – рече Пендаровски, кој смета дека бојкотот бил и во албанската опозиција, не само меѓу гласачите на ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.