Со поставување на табли, но и со интернет апликации, граѓаните ќе се информираат за можноста и забраните за движење со моторни возила во секоја од зоните во националниот парк Шар Планина. Таблите се подготвуваат во дирекцијата на установата, а ќе се поставуваат на влезовите во националниот парк.

На таблите е посочено моторно возило кај има право и кај нема право да се движи. Секако во Национален парк има и зони во кои не е дозволено да се движат моторни возила. Од друга страна навиката на Шар Планина била таква што секој одел кај сакал со моторно возило или пак кај можело да оди моторното возило. Сега тоа нема да биде целосно возможно, ние откако ќе бидат ставени овие табли на сите влезови, ако успееме да ставиме на сите влезови, многу влезови има на Шара, од Јажинце па до Дуф има 90 до 100 влеза, изјави директорот Ибрахим Дехари.

На новинарско прашање дали ќе се регулира движењето на моторцикли со четири тркала, кои сега масовно се користат а имаат и деструктивно дејство врз природната околина, директорот рече дека со нив ќе се постапува исто како со сите моторни возила.

И тие спаѓаат во категорија моторни возила, се спрема и друга апликација со што моторните возила или пак возила што загадуваат ќе има наплата за тие возила при влез во национален парк. Тие што живеат на подрачјето нема да плаќаат во Националниот парк надомест за загадување. Иако платат ќе се движат само по дозволените патеки низ точно наведени локации, рече Дехари.

Од установата потсетуваат дека чуварската служба има ингеренции да изрече мандатна казна за оние посетители кои не се придржуваат кон правилата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.