Ковачевски година и пол бега од дуел како ѓавол од темјан.  Свесен е дека неговата влада доживува дебакли на секој чекор. Но сега е крајно време да ја прифати понудата на

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и да излезе на тв дуел во време и медиум кој самиот ќе го одлучи, за една единствена тема, Договорот за изградбата на коридорите, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Кога веќе се плаши да дебатира за сите порази и неуспеси на неговата влада, кога не сака да говори за пропаднатотот здравство, или за уништената економија, или за катастрофата во образованието,  нека излезе барем за темата за која вели дека е историска-велат од партијата.

Нека излезе Ковачевски пред јавноста да дебатира и да образложи како и зошто е постигнат таков штетен договор за изградба на коридорите? Зошто Македонија е ставена во подредена позиција да плаќа пенали и стотици милиони евра на непочнати автопати? Да каже зошто бил склучен штетен договор на непостоечки закони кој предизвикува штета на државата и на буџетот кој се полни од македонските даночни обврзници?

Ако се чесно нека не се крие. Ако ова е се траснпарентно, нека излезе на дуел и нека образложи. Доколку избега, тогаш од месечината освен Кинескиот ѕид ќе се гледаат и кукавичлукот и стравот на Ковачевски.
Ако мисли дека со криење ќе избега од одговорност за криминалот, тогаш се лаже. Секој криминалец ќе одговара, а посебно врхушката на оваа пљачкачка банда на власт која го соголи народот до гола кожа. Криеле-некриеле, одговорност и казна не им бега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.