На улиците има нелегално оружје, но има и легално оружје стекнато на нелегален начин, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Дневникот на МТВ. Зборувајќи за последните настани во Мавровка и Гајре, Тошковски рече дека некои службеници во Минситерството користеле дискреционо право за одредени лица да добијат, односно да не добијат дозвола за оружје. Тој најави дека во тек е исработка на процедура за постапката на издавање оружје.
Да се запази рокот од шест месеци, а не како што сега има барања од 2022, да се издава дозвола само на лица кои ги исполнуваат критериумите, а не врз основа на дискреционо право на некој службеник и по принципот прв дојден прв услужен, вели Тошковски.
Тошковски ги посочи ловџиите како оштетени во овој процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.