Партиите полека почнаа да ги објавуваат кандидатите за претседател на Македонија. Прво беше објавена кандидатурата на Билјана Ванковска. Потоа албанската опозиција која објави дека тоа ќе биде Арбен Таравари. Уплашени од поддршка кај Албанците кои го има Европскиот сојуз за промени, и ДУИ најавува „тешкаш“ за кандидат.
Според најавите од партијата, тоа ќе биде или лидерот Али Амхети или министерот за надворешни работи Бујар Османи. Анкетите покажуваат дека ќе се води изедначена трка во првиот круг меѓу кандидатот од Албанците во власта и опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ својот кандидат за претседател ќе го избере на втори март и во најтесната група се неколку кандидати. Но, приказна за себе е помалиот коалициски партнер во власта СДСМ. На популарната „Бихаќка“ владее вистинска паника откако ДУИ најави дека ќе излезе со свој кандидат па сега социјалдемократите се на вистина мака да излезат и тие со свој кандидат. Првичната желба беше да се „шлепаат“ на ДУИ знаејќи дека рејтингот постојано им оди надолу.
СДСМ веќе подолго време прави внатрешни мерења и анкети кои покажуваат дека највисок рејтинг има актуелниот претседател Стево Пендаровски. Иронијата да биде поголема, рејтингот на Пендаровски меѓу народот е катасторфален па и оттаму името кое му го дадоа „Стево 0,2 посто“.
Партиските анкети уште покажале дека вториот кандидат има двојно понизок рејтинг од Пендаровски. Верувале или не. Засега е нејасно кој е тој вториот, иако во игра се споменуваат Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, па дури и Венко Филипче.
Професорот Ненад Марковиќ е на сличен став дека СДСМ во моментов нема подобра опција за претседател од Пендаровски.
СДСМ нема подобар кандидат од Пендаровски.Ниту еден од кандидатите кои СДСМ ги мери нема повисок рејтинг од него.Вториот кандидат има половина од рејтингот кој го ужива Пендаровски кај гласачите.Самииот Пендаровски ќе одлучи дали има некакви шанси и дали сака да оди, гледајќи ги резултатите во вториот круг што би можело да се случи-изјави Марковиќ за „ВинВин“ на Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.