Од Кабинетот на претседателот демантираат дека Роберт Тодороски од Прилеп, кој на социјалните мрежи му се закануваше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ добил благодарница од претседателот на државата Стево Пендаровски.
Во врска со наводите за издадена благодарница од страна на претседателот Стево Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп, ве информираме дека таков документ не е врачен од страна на претседателот Пендаровски, или издаден од Кабинетот на претседателот, се вели во демнатот.
Во моментот чекаме одговори дали и какви мерки ќе се преземат против лицето за злоупотреба на името и институцијата Претседател, бидејќи лажна или не, таква плакета постои и „Типчето“ со неа се фали:
Утрово од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека ни по 24 часа СДСМ или Пендаровски не се оградија од лицето кое на социјалните мрежи се заканува по животот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и неговите деца.
Ниту МВР реагира на ваквите закани кои се израз на страв и немоќ на власта, ниту пак СДС ги осудува ваквите чинови кога во политиката се вмешуваат и малолетни деца, порачуваат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.