Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ќе биде објавен конкурс за позицијата главен ревизор на ИПА Фондовите, по разрешувањето на Афрона Верзиволи, предложена како кадар на коалицијата „Вреди“, бидејќи не поседувала лиценца за ревизор.

На нејзино место Владата го именуваше Aрбен Рамадани, како в.д., кој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. За заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош Владата го именуваше Иван Игњатов, кој е доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.

Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека како Влада работат транспарентно и отчетно и оти грешката со назначувањето на Верзиволи како главна ревизорка е исправена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.