Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами заедно со членови и симпатизери на неговата партија и коалицијата „Вреди“ за дадоа потписи за кандидатурата на Арбен Таравари за претседател.
Касами истакна дека има голем интерес кај граѓаните, но ограничувачки се капацитетите на ОИК Тетово бидејќи собирањето на потписи се прави во само една канцеларија, а доаѓаат луѓе од шест тетовски општини.
Промената е веќе започната, ниту владата, ниту Русија, ниту некој друг не може да ја спречи оваа промена, така што промената доаѓа и коалицијата „Вреди“ ќе ја направи таа промена. Денеска официјално почнавме да собираме потписи, некои граѓани кога ја добија информацијата дури и за време на викендот се потпишаа, но немаме информација колку потпишаа за време на викендот, но официјално денеска како коалиција почнуваме да собираме потписи. Верувам дека за многу краток период ќе ги собереме потписите, тоа го одредува капацитетот на ДИК, доколку имаше повеќе канцеларии, верувам дека за еден ден ќе се соберат потписите, рече меѓу другото Касами.
Канцелариите на ОИК Тетово се во зградата на Општина Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.