Албанската опозициска Коалицијата „Вреди“ со митинг во Тетово ја заврши предизборната кампања во пресрет на изборите за пратеници на 8 мај. Лидерите на политички партии од Коалицијата, од Тетово порачаа дека очекуваат поддршка за промена на досегашната власт.

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами порача дека на 8 мај ќе се казни власта поради лошото раководење.

-Казнувањето на власта што лошо управуваше е наша должност. Затоа сакам да испратам порака до сите службеници во администрацијата и оние што до сега им служеа на Албанците со чесност, на 8 мај, излезете и гласајте за промената што „Вреди“. Не се плашете од заканите на полицијата на ДУИ, од нивните министри и функционери, бидејќи на 9-ти мај за сите тие закани ќе одговараат, ќе одговараат и за нивните антиграѓански и антиправни дејства. Ние заедно со одлучност ја направивме промената во општините, а на 8 мај ќе ја направиме и на централно ниво. Иднината и припаѓа на Коалицијата „Вреди“. Коалицијата „Вреди“ ќе биде неизбежно во владата, како гарант за правата и напредокот на Албанците, истакна Касами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.