Билал Касами преку прес-конференција за медиумите ја повикува Владата да не си поигрува со чувствата на семејствата на 14-те жртви кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Ја повикуваме Владата да не си поигрува со чувствата на членовите на семејствата на загинатите од модуларната болница во Тетово, сериозно да го сфати ова прашање и да ги казни главните актери на трагедијата. Ќе бидеме дел од кревањето на гласот на граѓаните и одговорните за овој случај ќе ги изведеме пред лицето на правдата“ – изјави Билал Касами.

Меѓу другото, Касами рече дека деновиве како опозиција ќе го покренат ова прашање и во Собранието на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.