Наредните неколку денови ќе го објавиме кандидатот за претседателските избори кој ќе биде заеднички на опозицијата, рече Биљал Касами, лидерот на БЕСА во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.

Според Касами, овие претседателските избори се историска шанса кандидатот Албанец да влезе во вториот круг.

Овој пат се одлучивме тој да биде политичка фигура, во игра е Таравари, во игра сум јас, набрзо ќе дознаете. Албанците имаат историска шанса нивниот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори. Тоа го кажуваат моменталните бројки и рејтизни на партиите, СДСМ има многу низок рејтинг моментално и тоа е шанса албанскиот кандидат да влезе во втор круг доколку сите Албанци гласааат за него. На Албанците затоа им треба еден кандидат, рече Касами на прашањето дали со Али Ахмети може да се договорат за Албанците да имаат еден кандидат.

„ДУИ ја имаше оваа шанса, но ДУИ нема да излезе со кандидат Албанец, а доколку излезе со свој кандидат тоа ќе го направат затоа што ние ќе извадиме. ДУИ не е тука да ги застапува интересите на Албанците“, кажа Касами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.