Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами истакна дека, ако се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна, објави ТВ 21.
Тоа е политичко прашање. Како градоначалник можам да кажам дека ќе ги почитуваме законите и Уставот, но во исто време мора да ја почитуваме и различноста. Во овој случај, ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, сигурно дека ќе мора да се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етничка припадност, ќе мора да се пее и албанската химна – рече Касами.
Во некои скопски општини, за почеток во Аеродром, а потоа во Гази Баба и други, секој прв понеделник во месецот, наставата започнува со интонирање на државната химна на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.