За кампањата на ДУИ со слоганот „Тој доаѓа“ Изет Меџити од Тетово порача дека е резултат на паника во партијата, затоа што митинзите на незадоволните се многу посетени, па на тој начин сакаат да ја сензибилизираат јавноста, објави ТВ Телма. Додаде дека со кампањата Груби си поигрува со авторитетот на претседателот на партијата.

Незадоволните членови на ДУИ започнува со онлајн петиција за разрешување на Артан Груби и на владини министри. Изет Меџити вели дека ќе ги искористат сите демократски средства за да се слушне гласот на народот, не потенцирајќи што понатаму со ваквата петиција.

Денеска е петиција. Утре и задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат. Прво рекоа дека само двајца-тројца се незадоволни, после излезе само во Чаир и Сарај. Сега гледаме дека и во Тетово и сегде луѓето, гласачите, структурата се незадоволни од владеењето на Груби и другите, изјави изјава Изет Меџити, ДУИ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.