Академик Владо Камбовски изрази несогласување со идејата за формирање на Албанска академија на науките и уметностите, потенцирајќи дека таква структура е невозможно да постои во една држава.

„Во една држава не може да има две национални академии. Во ниту една држава во светот не постојат две национални академии на науките и уметностите. Возможно е да се формираат, на пример, здравствени здруженија, но невозможно е да има две национални академии“, изјави академик Камбовски во разговор за ТВ 24.

Тој нагласи дека научните и уметничките институции треба да се базираат на заеднички научни и културни вредности, а не на етнички или политички припадности, што би можело да доведе до поделби и конфликти во научната заедница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.