Очигледно криминогеноста е главнаа врска на СДС и ДУИ во владата. ДУИ и Груби наместо нервозно да реагираат треба на јавноста да и објаснат како тоа шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на фирма за баждарење на бензиски пумпи Метролаб и истата таа фирма 4 месеци од нејзиното формирање добила акредитација од Бирото за метереологија раководено од Мерита Мустафи, кадар на ДУИ? Како сопственикот на оваа фирма која влегува во вносен бизнис останал да работи уште извесно време како шалтерски работник во туристичката агенција на Груби? Дали Груби стои зад оваа опрација, а неговиот вработен е само параван?-прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително нешто кое што треба Груби и ДУИ да го одговорат е како истата таа дирекорка на Бирото за метереологија Мерита Мустафи се секнала со луксузна хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2 и истата не ја пријавила во анкетен лист? Како со чиновничка плата некој во Македонија може да се стекне со таков луксуз и зошто притоа тој луксуз не го пријавила? Дали не е пријавен тој имот затоа што тешко може да се докаже како е стекнат?
Ги повикуваме надлежните институции да го проверат целиот овој октопод кој се врзува со Артан Груби. Ковачевски очигледно молчи и се плаши било што да прокоментира, бидејќи функцијата му е дадена под кирија. Одговорност за криминалите на оваа власт на ДУИ, поддржана од СДС мора да има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.