Откако пред неколку дена беше запален влезот клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола настанот беше пренесен во медиумите, актот беше осуден од македонските власти на владино ниво, веднаш беше започната истрага и за само неколку дена осомничениот е уапсен и притворен, истакнуваат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

Во 2007 и во 2008 година на два пати беше напаѓан клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН во градот Гоце Делчев, беа скршени стакла, исцртани свастики и др. Полицијата одби да започне истрага зашто штетата не била доволно голема, медиумите не соопштија за настанот, властите не го осудија вандализмот и се разбира никој не беше казнет, велат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.