Клубот кој го носи името на фашистичкиот соработник „Ванчо Михајлов“ на социјалните мрежи објави фотографии како изледаат просториите. Општ е впечатокот дека ова е скандалозно и директно насочено против Македонија и Македонците и државните институции мора да реагираат.

Постевени се фотографии од Владо Черноземски кој го Марсеј го убил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ како и од Мара Бунева. Има портрети од Гоце Делчев и Даме Груев.

Но сепак најспореен е еден цитат од самиот Ванчо Михајлов од1983-та година во Рим, на 80-годишнината од Илинденското востание и на 90 години од формирањето на ВМРО.

 

Во тој запис во кој Михајлов ја нарекува македонска нација таканаречена или измислена.

Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и на Илинден беа и остануваат човековите права и слободата. Значи, залудни се напорите на маскираната (измислената) македонска „нација“ да го лаже светот. Вистината ќе победи.
– Ваш: Ив. Михајлов

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.