На 7 август 1987 година почина генерал Михаило Апостолски. Беше командант на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, член на Президиумот на АСНОМ и народен херој.
Апостолски е еден од најзаслужните за ослободување на Македонија во Втората светска војна. Воената академија на македонската армија го носи неговото име.
Антропол цитира дел од неговите записи каде наведува дека Петта бугарска војска учествувала во саботажи и се борела против антифашистичките единици, наместо против германските војски. Како што пишува Апостолски, тој бил лут додека слушал како Радио Софија претставувало дека бугарските војски учествувале во ослободувањето на Велес и Штип.
„Кога дојдовме до Пчиња, нè пресретна еден бугарски полковник. Се претстави дека е командант на Петтата дивизија. Го прашавме зошто седат тука, а тој ни одговори дека не можат да ја поминат реката, па чекаат да им донесат материјал за да направат мост, а Пчиња тогаш беше длабока само до колена.
Тогаш енергично му реков да ја врати Дивизијата, зошто нам не ни е потребна. Му реков и тоа дека Скопје е веќе ослободено, иако знаев дека таму уште се водат борби. Бев многу лут поради нивните САБОТАЖИ.
Патем слушав како Радио Софија јавува дека нивните војски го ослободиле Велес, а тие не ни видоа како изгледаше Велес кога се водеа борби за негово ослободување. Потоа, дека го ослободиле и Штип, што беше невистина зашто бугарската војска беше 30 километри далеку од Штип кога се водеа борби за негово ослободување.
На полковникот му го истурив сиот гнев што го имав собрано слушајќи ги вестите на Радио Софија и го вратив назад.”
Откако Бугарија во септември 1944 ги виде руските тенкови на бугарските граници, веднаш ја смени страната во војната. Бугарија од фашистичка земја се претвори во антифашистичка и му објави војна на нивниот довчерашен сојузник Хитлер, а потоа се обидоа во Македонија во која убија 25.000 Македонци, да глумат некакви ослободители!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.