Како директорката на Груби, Мерита Мустафаи, гради хациенда на Попова Шапка со директорска плата, зошто не ја пријавува и има ли поврзаност со акредитацијата на Метролаб блиска до Груби?, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи, во својот анкетен лист нема пријавено имот – хациенда на Попова Шапка од 150м2, сопственост на нејзиниот сопруг.
Хациендата Мустафаи ја градат во 2020 година, а веќе следната 2021 таа е изградена, за тоа време директорката на Груби Мустафаи е директор на Бирото за метрологија, истото Биро, кое дава акредитација на Метролаб, основана од шалтерски работник кај братот на Артан Груби, за баждарење на точила за нафтени деривати и течен нафтен гас на бензински пумпи и економски оператори кои се занимаваат со трговија на гориво.
Зошто директорката на Груби, Мустафаи, не ја пријавила хациендата на Попова Шапка во нејзиниот анкетен лист и имали доказ за потекло на средствата со кои е градена истата?
Сомнително е што директорката на Груби, Мустафаи, има два стана во Тетово, од кој вредноста на едниот соодветствува со висината на кредитот земен истата година, но истата нема пријавено дополнителни средства, од кои би можела да се финансира изградбата на хациендата.
Директорката на Груби, Мустафаи, да каже од кои пари е направена хациендата на Попова Шапка. ДКСК и ЈО да отворат постапки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.