Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО го најави почетокот на кампањата за сексуална едукација иницирана од соработката со светската невладина организација „Amaze“.

За таа цел, МАГО склучи меморандум за соработка со Amaze преку кој беше овозможен пристап до едукативно-забавни кратки видеа и едукативни ресурси за сексуалното образование наменети за адолесценти, родители, воспитувачи и даватели на здравствени услуги.

Основната мисија и цел на овие видеа е поттикнување природен и здрав сексуален развој на децата и адолесцентите, како и градење на свет во кој младите би имале постојан пристап до неопходните информации, велат од МАГО.

Видеата се достапни тука на македонски и албански јазик.

Со почеток на оваа кампања МАГО ја најавува Неделата на женското здравје (8-14 мај 2022) која ќе се одбележи на 11 мај (среда) од 11:00 до 12:00 часот во Младинскиот културен центар.

На настанот ќе се претстават досегашните и идните активности и кампањи на МАГО кои заедно со повеќе релевантни институции и организации започнуваат процес на континуирана едукација за женското здравје и поттикнување на општествени промени во оваа област, велат од МАГО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.