Секој ден граѓаните ги слушаат СДСM и ДУИ со полни зборови за Европа, а еве им сега шанса да ги претворат во дела тие зборови. ВМРО-ДПМНЕ безусловно и веднаш, прифака уставни измени по моделот на Хрватска, велат од партијата.

Македонија да стане национална држава на Македонците и малцинствата во нејзе. Односно Македонија би била држава на еден народ, со широко набројување на сите малцинства.

Тоа би изгледало вака:

“Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми,  Срби, Власи, Бошњаци и други, кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права, со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН”

Веруваме дека СДС и ДУИ нема да имаат ништо против, да прифатат европски устав како решение за уставните измени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.