За вкупно 132 260 граѓани графите за етничка припадност, мајчин јазик и за веросиповед во резултатите од пописот се празни. Тоа е групата граѓани за кои податоците се преземени од административни извори (бази на податоци од 12 институции), кои не се сретнале со попишувач, што значи дека не се прашани за овие категории.
„Во ниедна база нема податок за етничката припадност. Етничката припадност е чувство, не е нешто што може да се документира, така што за овие лица прашањето за етничката припадност, мајчин јазик, јазикот кој се говори во домаќинството и чувството за вероисповед ќе ги нема. Тие се празни“, рече Апостол Симовски.
Овие граѓани, практично, се трета по бројност „етничка група“ во државата, по Македонците и Албанците. Од резидентното население, на пример, Македонците се 55,44 проценти, Албанците 24,3, а групата за која податоците се преземени од базите и не се прашани за етничката рипадност, се 7,2 отсто. Од вкупното попишано население, пак, Македонците се 54,21 отсто, Албанците 29,52, а следни се оваа група со 6,2 отсто.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.